| четврток, 6 декември 2018 |

Вуцис: Грција има интерес да се реши името, но со уставни гаранции

Претседателот на грчкиот Парламент Никос Вуцис смета дека во интерес на Грција е да се најде решение за името, кое ќе биде заведено во Уставот и со гаранции за севкупна употреба.

Вуцис имаше поздравно обраќање на промоцијата на книгата „10+1 прашања и одговори за македонското прашање“, во просториите на Стопанската комора во Атина, а во неговиот говор се задржа на шест точки изразувајќи ги неговите размислувања во однос на прашањето за името.

– Во интерес на нашата земја е да се реши прашањето врз база на заедничко и заемно прифатено решение за севкупна употреба, со уставна регистрација на името и со еден широк договор што ќе потврдува, ќе гарантира и ќе охрабрува една нова ера во односите на народите, не само во економијата, туку и во сите прашања што ги засегаат – рече Вуцис.

Претседателот на грчкиот Парламент смета дека изнаоѓањето решение е важно не само за Скопје туку и за Атина, но од различни причини, а додаде дека сега веќе на сите им е јасно дека беше изгубено драгоцено време во минатото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top