Една од најуникатните музички појави воопшто во регионот на сите времиња, неприкосновената Јосипа Лисац, во рамки на својата турнеја „50 години Јосипа“, после распродадените големи концерти во арена Пула, Сава Центар, неколку последователни концерти во Лисински во Загреб, својот последен концерт во оваа низа ќе го одржи во Скопје, во новата сала на Македонската Филхармонија.
Јосипа Лисац има таква кариера да нема никаква потреба ништо дополнително да се објаснува, освен да се каже дека сме неверојатно радосни што во нејзиното се` поретко одење на турнеи влегува и Скопје и тоа со ваков гала концерт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.