Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, не е задоволен од формата на Пауло Дибала и најверојатно ќе го остави на клупата за натпреварот против Наполи, кој може да биде решавачки за титулата во Калчото. Јуве има водство од 4 поени пред тимот на Маурицио Сари, кој во недела ќе гостува во Торино.
Миралем Пјаниќ, Марио Манџукиќ и Стефано Стураро се под знак прашалник за големото дерби поради повреди, но ситуацијата со Дибала е поинаква. Тој прикажува променлива форма во последно време, а во негово отсуство, „бјанконерите“ одиграа одличен натпревар против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабе“ и беа на работ да го елиминираат европскиот клупски шампион.
Според „Скај Спорт Италија“, Алегри ќе се потпре во стартните 11 на Манџукиќ, ако биде фит. Даглас Коста, исто така, ќе биде стартер, а нападот ќе го води Гонзало Игуаин.
Изненадувања се очекуваат и во составот на Наполи. На клупата би можел се најде Дрис Мертенс, кој е најдобар стрелец на тимот, на сметка на Аркадиуш Милик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст