Секогаш кога му е потребно на Зоран Заев и секогаш кога треба да има алиби за сите погрешни политики се појавуваат бомбите. Тоа е израз на немоќ, неможност и неспособност да се справите со реалните теми. Ние имаме една суптилна емисија на втора едиција бомби- за време на судските процеси кои ги води СЈО, покрај сите оние бомби кои веќе македонската јавност ги слушаше, а грубо беа злоупотребени и се темелеше сето тоа на ниски страсти, сега имаме нова емисија, втора едиција на т.н. бомби, со оние необјавени разговори, а кои СЈО ги користи како докази во судските постапки против лицата кои што се таму обвинети.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Ѕид“ на Алфа ТВ.
-Како се прави тоа? Се прави на отворени седници, во позадина седат луѓе со одредена идентификација кои што стенографски го запишуваат текстот на тие нови бомби, ги информираат своите редакции, без разлика дали се електронски, печатени или телевизиски куќи и истите тие понатаму се пренесуваат стенографски, додека гледаме дека емисијата на ПИМ мерките кои што порано биле каде што експлицитно се гледа како премиерот Заев во својство на градоначалник на Струмица бара поткуп, беше позади затворени врати, рече Мицкоски.
Доколку оваа пракса не престане веднаш, Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ размислува и за поинакви мерки кои, како што кажа, ќе ги соопшти многу скоро на македонската јавност.
-Ние имаме сега суптилна емисија на втора едиција бомби иако, според Пржинскиот договор се сопре емисијата на т.н. снимени материјали, нелегално стекнати или во јавноста презентирани како бомби од луѓето од СДСМ, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст