| четврток, 6 декември 2018 |

Мапа на сите земји на кои Велика Британија им има објавено војна (Фото)

Една анкета што ја спроведе YouGov покажа дека 43% од Британците сметаат дека Британската империја била „добра работа“, а 44% сметаат дека Британците треба да се гордеат со империјализмот.

Токму затоа неодамна објавената мапа на земји на кои Велика Британија им има објавено војна би можело да ве изненади.

Ако ви се чини дека црвената боја (што ги означува земјите на кои Британија им објавила војна низ иторијата) е малку застапена, имајте предвид дека објавување војна не е исто што и окупирање на туѓа територија.

Затоа тука не се опфатени Индија, војната за Фокландските Острови и Опиумските војни во Кина, инаку би биле обележани 90% од мапата, пишува Independent.

Иако била учесник во многу судири од Втората светска војна, Велика Британија оттогаш технички нема објавено војна на ниту една земја.

Мапата беше објавена на сајтот Reddit, а нејзиниот автор е корисникот OnlyRegister.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top