| четврток, 6 декември 2018 |

Планот 3-6-9 ќе се замени со нов наречен 18

Македонија напорно работеше и очекуваме Европскиот совет да го препознае тоа и на јунскиот самит да дозволи земјата да ги почне пред пристапните преговори за членство во Европската унија. На ова се надева вицепремиерот за Европски прашања Бујар Османи. Тој е оптимист бидејќи според направените компаративните анализи Македонија е на прво место од земјите на Западен Балкан во спроведување на реформите.

Според Османи најважно е што препораката е безусловна, а тоа било доказ дека по неколкугодишната политичка криза, земјава е на вистинскиот пат. Генератор на ваквите позитивни сигнали од ЕУ било и исполнувањето на планот 3-6-9, а заслуга за тоа имала опозицијата и сите парламентарни партии.

И стручната јавност со сериозност влезе во анализа на извештајот. Според првиот човек на „Евротинг“ Љупчо Петковски, земјава и друг пат добивала ваква или слична препорака, со сега требало да се гледа поголемата слика, имајќи во предвид дека Западниот Балкан повторно е во фокусот на ЕУ.

Тоа што сега е сосема извесно, е дека сега фокусот ќе биде насочен кон реално имплементирање на донесените закони за и граѓаните да можат да ги почувствуваат благодетите, а решавањето на проблемот со името се исфрла повторно како врвен приоритет, доколку земјава сака да го продолжи патот кон Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top