| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид: Автомобил „Пежо“ се преврте на кров кај населбата Рача

Автомобил „Пежо“ се преврте на кров кај населбата Рача.

Нема сериозни повреди врз возачот на автомобилот „Пежо“ што попладнево се преврте пред населбата Рача.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, патничко моторно возило марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки кое се движело од СВ.Стефан кон Охрид, во близина на населбата Рача, изгубило контрола и удрило во металните заштитни браници а потоа се превртело на кров. За среќа, возачот поминал без посериозни повреди. Димоски додава дека сообраќајната полиција во моментов врши увид по што, превртениот автомобил ќе биде отстранет од коловозната лента.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top