Со истата порака којашто jа упати во средата на средбите со државниот врв и политичките челници, дека Македонија завршила „едно ниво од играта“ и дека сега треба „да се освои следното“, а тоа е одржување и продлабочување на реформите кои ја вратиле земјата на европскиот пат, високата претставничка за заедничка надворшена и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, им се обрати во чевртокот и на македонските пратеници.
Федерика Могерини побара од власта и од опозицијата да продолжат со соработката за правилно решавање на интересите на граѓаните. За време на говорот пред пратениците во Собранието, Могерини рече дека одговорноста на политичките актери и на институциите е заедничка.
„Владата има одговорност да даде простор за целосно учество и вклученост на опозицијата, додека опозицијата има одговорност да се вклучи и доследно да придонесе кон оваа работа. Вие заедно имате обврска во демократските институции да го идентификувате националниот интерес на вашата земја, сите приоритети за граѓаните, без оглед на нивната политичка ориентација и имате заедничка одговорност да работите заедно во рамките на институциите за да постигнете резултати. Верувам дека ние, и велам ние а не вие, ние никогаш не сме биле толку блиску до моментот кога престануваме да зборуваме за вашиот пат кон Европската унија, туку на овој пат почнуваме да одиме заедно“, рече Могерини.
Могерини заслугата за постигнатото ја подели меѓу власта и опозицијата. На пратениците и од владејачкотот мнозинство и од опозицијата им порача дека тие сега имаат одговорност да се обединат за идните чекори кои треба да се преземат.
„Ја споделувате обврската за иднината на своите граѓани. Владата ја има одговорноста да го отвори простор за целосна вклученост на опозицијата за целокупна вклученост, а опозицијата има одговорност да се вклучи и да придонесе конструктивно кон оваа работа. А колективно заедно имате одговорснот во националните институции да ги идентификувате националните интереси на вашата земја “, им порача Могерини.
Високата претставничка на ЕУ ја повтори потребата за одржување и продлабочување на започнатите реформи и имплементација на оние кои веќе се одобрени. Позитивните тонови од претставниците на Европската Унија, за Македонија доаѓаат по објавување на извештајот за напредок на Европската Комисија, во кој добивме препорака за преговори.
Притоа Могерини потенцираше дека „сега не е доволно само да се носат закони, туку тие и да се спроведуваат“. Рече дека „играта не е завршена“ и оти има уште многу работи кои сѐ уште не се завршени.
„Следното ниво од видео-играта е спроведување на реформите коишто започнавте да ги усвојувате. Постојата два магични збора во препораката која ја усвоивме во Стразбур: одржување и продлабочување на реформите коишто почнавте да ги усвојувате. Што значи дека одличен е текот на дејствување, продолжете, одржете ги и продлабочете ги реформите, не само преку законодавтство, туку и преку спроведување“,изјава Могерини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


