| четврток, 6 декември 2018 |

Героски стана Error 404: Исчезна веста за малиот Грчев од Слободен печат

Дневниот весник „Слободен печат“ од својата веб страница ја избриша веста дека синот на архитектот и советник во Министерството за култура, Мирослав Грчев, се вработил во државната компанија ЕЛЕМ.

На 17 април, под наслов „Синот на Мирослав Грчев потврди дека работи во ЕЛЕМ“, веб страницата на најтиражниот дневен весник ја објави веста за вработувањето на младиот Грчев, што е детектирано од агрегаторот time.mk и може да се провери на следниот линк.

Во исто време, доколку на пребарувачот Google пребарате за случајот, прва излегува токму веста на Слободен Печат.


Но, доколку кликнете на линкот на Тајм или на GOOGLE, ќе видитте дека веста е избришана од страницата на Слободен Печат и не може да се прочита, а на линкот кој води до неа, прикажува „Ooops… Error 404
Sorry, but the page you are looking for doesn’t exist.“.


Главен и одговорен уредник на Слободен печат е новинарот Бранко Героски, еден од најпознатите доајени на македонското новинарство и уредник со богато искуство во медиумскиот плурализам во државава, кој основал неколку медиуми кои се пробиле на врвот во медиумската сцена како Дневник, Шпиц, Плусинфо и Слободен печат.

Зошто Героски ја цензурирал веста? Останува непознато, но она што е познато е дека Мирослав Грчев, татко на детето поради чие вработување се крена фама во македонската јавност, е редовен колумнист во медиумите на Героски. Дали се работи за цензура од уредникот по интервенција на таткото или веста е тргната поради политички притисок, прашува Лидер.

Дека не цветаат ружи и постои цензура во Македонското новинарство, потврдува и изјавата на Горан Трпеноски, член на ад-хок телото за мониторинг на медиумите и висок функционер на ЗНМ, кој на фејсбук напиша: Се инсталира демократска, слободна и наведувачка цензура во јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top