| четврток, 6 декември 2018 |

Вишка: Случајот „Алмир“ е на новата власт, а селективна правда има и за „Смиљковско“

Актерот Висар Вишка денеска на протест пред Собрание, заедно со уште триесетина граѓани и порача на делегацијата од ЕУ дека во правосудните органи во Македонија се дели селективна правда.

– Ние сме тука да и кажеме на Могерини дека тука нема правда, а ако ова е правда на Европа нека си ги земат овдешните судии и политичари, ние не ги сакаме….Со ваква селективна правда ние не одиме никаде. Случајот „Алмир“ е на новата власт, не го наследи, а селективна правда има и за Смилковско езеро….Ние ќе ја истераме правдата, не само за Алмир, туку и за нашите деца, рече Вишка, пренесе ТВ21.

Протестот на демонстрантите се одржуваше додека во Собранието беше во тек обраќањето на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Фредерика Могерини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top