| четврток, 6 декември 2018 |

Протест за Алмир пред пратениците и Могерини

Иницијативата „Правда за Алмир“, утрово во 9:15 часот ќе одржи симболичен протест пред Собранието на Република Македонија, во пресрет на обраќањето на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.

„Утре во 9:15 пред Собрание на РМ, да ја поздравиме г-ѓа Могерини“, стои во повикот.

Иницијативата во неколку наврати потсети дека ќе ја продолжи својата борба за овој, но и сите останати случаи за кои има индиции дека се неправедно пресудени.

Тие испратија и писмо до амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, амбасадорите на земјите членки во НАТО, ОБСЕ, шефовите на делегациите на ЕУ и ОБСЕ во Македонија, во кое го бараат нивното внимание случајот со Алмир, но и за македонското правосудство за кое велат дека е далеку од непристрасно и праведно.

„Конечно, апелираме до Вашите екселенции да нѐ поддржат и да се придружат, барајќи одговорност од Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев за неуспехот да ги спроведе ветените реформи во судството. Наша заедничка должност е да не им дозволиме на истите корумпирани, непрофесионално пристрасни обвинители и судии да учествуваат и да донесат длабоко неправедна и нечовечна пресуда која не е ништо помалку од повторно правно убиство на Алмир…“, стои во писмото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top