| четврток, 6 декември 2018 |

Од лекот Лирика станав геј

Млад британец тврди дека станал хомосексуалец после пиење лекови против болки. После кршење на ногата при несреќа во картинг, почнал да пие лекови, поради кои, како што истакнал, ја променил сексуалната орјентација.

Невработен Скот Пурди (23) бил хетеросексуалец и уживал во дружење со жените, пред да почне да зема таблети Прегабалин, познати и под назив Лирика.

Скот рекол дека набрзо го загубил интересот за жените, па дури и раскинал со својата тогашна девојка со кој бил шест месеци во врска, пишува Дејли мејл.

– Забележав дека либидото ми падна и дека ми е потребно машко внимание. Со девојката бев во врска шест месеци и никогаш не ме привлекувале мажи, но после земање на Прегабалин повеќе не ми беше привлечна. И реков дека незнам што ми се случува, ми се допаѓаат мажи и дека неможеме повеќе да бидеме заедно – рекол Скот и додал дека девојката добро го поднела раскинувањето.

Прегабелин или Лирика е лек кој се зема за епилепсија, болки поврзани со мозокот и често се јавува нус појава која го вклучува и губење на либидото.

Овој лек му го препишал доктор после несреќа со картингот, а Скот сакал да знае што му се случило откога ги испил.

– Ми беше потребно време за да сватам што ми се случува. Престанав да земем лекови неколку недели и желбата за мажи исчезна – раскажува Скот.
Меѓутоа тој повтроно почнал да ги пие бидејќи го правеле среќен.

– Лековите ме прават среќен и отворен. Прегабалин се користи за контрола на параноја и анксиозност, поради што сега не ми е важно што луѓето мислат и зборуваат за мене”.
Спрема неговите зборови, наскоро треба да се види со маж кој живее во Лондон и многу е возбуден поради тоа.
– Не сум лут бидејќи сега сваќам што сум и штПрео сакам – заклучил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top