Печатото на германски јазик ја коментира препораката на Европската комисија дека Албанија и Македонија ќе ги почнат преговорите за пристапување во Европската унија, а весникот „Билд“ тоа го оценува како „застрашувачки наивно“.
Коментаторот на „Билд“ смета дека идејата за ширење на Европската унија е „преку мерка и произволно затегната“, пишува „Дојче веле“.
-Комисијата на Европската унија сака да прими две нови балкански држави, Албанија и Македонија. Човек да не поверува. Со отсуство на свест за сопствените грешки и без допир со реалноста, тоа е застрашувачки наивно, наведува коментаторот на весникот.
Смета дека ЕУ ни денеска не функционира како што треба, и дека 28 земји членки се премногу различни, додека нивниот заеднички именител често е премал за големи проблеми.
-Романија и Бугарија се две земји кои беа примени, а беа подготвени за тоа. Но, на крајот на долгите преговори никој не смееше да повлече кочница во случај на опасност. Бриселските технократи за проширување во тоа можеби го гледаат смисолот на своето постоење. Но, пристапите не смеат да бидат сами за себе цел. Штетата ја трпи Европа: има се повеќе луѓе кои престануваат да веруваат во таа прекрасна идеја. Затоа што таа станува произволна, преку мера натегната и одвнатре неспособна да ги решава проблемите на граѓаните, наведува тој.
Германскиот печат ги коментира и лошите оценки за Турција, а во текстот на Зидијче Цајтунг под наслов „Како во хорор филм“, се наведува дека Европската комисија кај поголемиот број кандидати за пристап во Европската унија констатирала бројни дефицити, и дека особено за Турција издала катастрофална оценка.
-Извештајот за Турција изгледа речиси како хорор роман, рече известувачката од Европската народна партија во Европскиот парламент, Ренате Зомер.
извор: nezavisne.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.