| четврток, 6 декември 2018 |

Учениците од Неготино сведочат како ги оставиле на екскурзијата во Италија

Потресни сведоштва на родителите на учениците кои биле оставени не екскурзија во Италија, од страна на, како што велат, директорката, професорите и туристичката агенција Балкан Турист од Кавадарци, кои донеле одлука да ја продолжат екскурзијата во Франција, а двајца ученици да остават во Италија.

Целата агонија со учениците кои ги чекале останатите во Италија траела дури 15 часа, а во исто време и покрај тоа што нивните родители платиле за децата да бидат сместени со 5 ѕвезди, дел од децата биле сместени во хотел со 2 ѕвезди. При што децата се делеле на привилегирани и непривилилегирани.

– Според добиените информации, утрото кога учениците и останатите (многу раководни структури се за набројување) се подготвувале да заминат за Франција, двајцата ученици не биле во автобусот. Според кажувањата на дел од учениците, ѝ се јавиле на класната раководителка дека сéуште појадуваат и за десет минути доаѓаат. Според кажувањата на дел од професорите децата спиеле и поради тоа што биле „проблематични ученици“ ги оставиле во хотелот!?!? Во автобусите настанале гужви, викотници. И замислете шоферот и сопственикот на ТА „Балкан“ од Кавадарци кои ја организираат екскурзијата викаат по професорите дека не можат да ги чекаат децата и дека мораат да тргнат. За жал, професорите не можат да се спротивстават ниту на шоферот, ниту пак на сопственикот затоа што сопственикот и е школски другар на директорката (можеби и тоа е причината за нејзиното заминување на екскурзијата заедно се дефектологот кој што претходните две недели е на боледување и уште не вратена на работа заминува на екскурзија), а шоферот е сопруг на претседателката на Училишниот одбор во СОУ„Св.Кирил и Методиј“ – Неготино, кој пак давал образложение дека за петнаесет часа ќе се вратат од Франција и ќе ги земат. Како на филм!?!?
Професорите(кои за седум дена екскурзија и како заслуга за нивната „одговорност“ земаат од агенцијата околу 200евра) не можејќи на другите, па се нафрлиле да викаат по учениците за да биде тишина и ништо за тоа да не се коментира. По објавувањето на настанот нормално родителите контактираат со своите деца ама никој ништо не смее да каже. Дури сега откако се вратиле го коментирале престојот во хотелот и организацијата на екскурзијата. Тие се незадоволни од хотелското сместување, престојувале во студени простории, водичот кој требал да ги води на факултативни посети на знаменитости (едната посета чинела 20, а другата 10евра) не можеле да го разбудат и така им пропаднале тие пари, а исто така им барале по 30евра за некаква оштета, за каква не успеавме да дознаеме.
Ова се информациите кои неофицијално успеавме да ги добиеме. Би биле задоволни и ние и родителите и сите наши сограѓани доколку директорката и сите останати кои се виновни за овој немил настан излезат со вистинските информации, макар и да нé демантираат.
Се прашуваме само, дали Вие директорке ќе сносите морална одговорност и ако имате доблест си дадете оставка за овој преседан! Да оставите деца во туѓа држава и тоа малолетни, да ги обвинувате дека се проблематични и да заминете, а за кои родителите потпишуваат согласност дека Ви ги доверуваат цела една седмица, навистина ова е нешто невидено и нечуено. Никаква реакција не видовме ниту пак од Претседателката на Училишниот одбор (јасно е веќе од горенаведеното зошто?), а уште почудно да нема никаква реакција ниту од Совет на родители. Па и Вие претседателке на Совет на родители, пред сé и Вашето дете беше на екскурзија, па и Вие сте педагог – наставник по музичко образование во ООУ„Гоце Делчев“, па нели имавте доблест или грижа на совест па да свикате состанок, да го испитате случајот и да им дадете известување на родителите што се случува или само ви се потребни кога треба да се даде глас.
Бевме упорни и сакавме да дојдеме до повеќе информации. Се прашуваме дали идната година и со која доверба родителите ќе Ви ги остават своите деца да ги носите на екскурзија. Ова е уште еден показател зошто рејтингот на Вашето училиште секоја година се намалува, а резултат на тоа е сé помалиот број на запишани ученици.
По заминувањето Ви посакавме среќен пат и убав помин, ама за жал Вие тоа не умеете да им го овозможите на нашите деца! – пишуваат родители на страницата, Неготино-Информации-Случувања.

Родителите додаваат дека за случајот ретхо излегуваат информации, затоа што децата и нивните родители се под константен притисок од директорката и професорите.

-Само похрабрите ученици, до кои ете не успеале да допрат заканувањата и замолкнувањата од страна на раководните лица кажаа по нешто за настанот- пишуваат родителите за настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top