| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од Ѓорче Петров денес без струја

Денес дел од граѓаните во Скопје, ќе останат без напојување со електрична енергија во периодите од 9 до 15 часот, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЕВН Македонија.

Без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Марко Цепенков”, Киро Крстевски” и ул „Доситеј Обрадовиќ” во периодот од 9 до 12 часот. Во периодот од 11.30 до 15.30 часот, дел од улица „Букурешка” и дел од улица „Ибе Паликуќа”, во населбата Ѓорче Петров. Во период од 10 до 15 часот струја ќе нема и во Радуша поточно околу центарот во село Радуш

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top