Експертите на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) денеска влегоа во сирискиот град Дума, каде се тврди дека на 7 април бил извршен хемиски напад, што беше повод за саботните ракетни напади на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија.
Инспекторите од ОПЦВ минатата недела дотпатуваа во Сирија за да го истражат местото на наводниот напад, но досега не им беше дозволен пристап до Дума, град кој е под контрола на сириската влада откако од него се повлекоа бунтовниците, затоа што не можеа да бидат дадени гаранции за нивна безбедност.
Француското Министерство за надворешни работи претходно денеска предупреди дека е многу веројатно оти ги „снемало доказите“ од Дума и оцени дека е неопходно на меѓународните инспектори да им се овозможи итен пристап на тоа подрачје.
Во соопштението на француското Министерство се тврдеше дека Русија и Сирија „и натаму одбиваат да им дозволат пристап на инспекторите на местото на нападот“. – Многу е веројатно доказите и елементите од суштинско значење да исчезнат од тоа место, се наведува во соопштението.
„Нека дојдат, ќе ги прошетаме“: Два тима инспектори за оружје пристигнаа во Дамаск (ВИДЕО)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст