Наставниците од средните училишта во Скопје сѐ уште не ја зеле мартовската плата. На социјалните мрежи постојано постираат пораки и бараат од градоначалникот Петре Шилегов да ги почитува законските рокови, според кои, платата треба да биде исплатена најдоцна до 15-ти во месецот, објави порталот Факултети.
– Просветните работници од Скопје сѐ уште немаат добиено плата за март. Градоначалниче, и овој месец го прекршивте законот за плати – пишува на „Фејсбук“ професорка од средно училиште.
Просветни работници од Скопје нѐ информираа дека платите во средните училишта во Скопје доцнат секој месец. Тие велат дека од 2013 година досега само четири пати е исплатена во законскиот рок, до 15-ти во месецот.
– Најчесто се исплаќа околу 20-ти во месецот, а некогаш и подоцна, што е кршење на законот за плати – вели професорка.
Јаким Неделков, претседателот на СОНК, за Факултети.мк изјави дека рокот за исплата на платите на наставниците е до 15-ти во тековниот месец и бидејќи денеска е 17-ти, Законот е прекршен.
Целиот текст прочитајте го на fakulteti.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст