Панос Каменос се сили и вели дека нема да гласа, затоа што знае дека нема да има договор со Скопје, смета потпретседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Адонис Георгијадис.
– Јас сум од оние политичари што уште на почетокот го истакнав моето мислење дека нема да постои никаков договор со Скопје и губиме многу време играјќи ја играта на Ципрас. И сето она силење од Каменос дека нема да гласа, е со сигурност, затоа што знае дека нема да дојде никаков договор. Зошто не може да дојде договор? Бидејќи договор што нема да биде ерга омнес, за сите, не може да помине во грчкиот парламент, вели Георгијадис во интервјуто за грчката телевизија Скај.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, коментирајќи ги последните изјави на Зоран Заев околу ерга омнес, потпретседателот на грчката опозициска партија рече дека тие ставови се идентични со оние на Груевски и затоа во 2008 Караманлис ставил вето во Букурешт. Тој се запраша што вели шефот на грчката дипломатија за овие изјави и дали Грција разговара за решение што нема да биде за севкупна употреба, ерга омнес.
-Можеби господинот Ципрас поради неговите обврзувања кон различни странски фактори има разговарано за име што нема да биде за севкупна употреба? Не сакам да поверувам дека е така, затоа што тоа би било национална катастрофа, коментира потпретседателот на најголемата грчка опозициска партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст