Активистите на опозицијата почнаа да ги блокираат централните улици на ерменскиот главен град – Ереван, протестирајќи против поранешниот претседател Серж Сарксјан.
На одредени места се поставени барикади од клупи, автомобили и канти за ѓубре, а движењето е парализирано. На неколку места избија ситни конфликти меѓу демонстрантите и возачите кои биле блокирани. На плоштадот „Франција“, демонстрантите поставија шатори и таму ја минаа ноќта.
Лидерот на опозициската партија „Граѓански договор“, пратеникот Никол Пашињан ги повика своите приврзаници да се соберат пред парламентот, да ги блокираат улиците и крстосниците и да почнал со генерален штрајк. Повеќе опозициски сајтови го пренесоа неговиот повик за окупирање на зградите на министерствата и на некои институции, и да не им се дозволи на вработените да стасаат до своите работни места.
На булеварот „Беграмјан“, каде се наоѓа зградата на парламентот, распоредени се голем број полицајци, со специјална опрема.
Вчера вечер, полицијата издаде соопштение во кое ги повикува родителите да ги спречат малолетниците да учествуваат во протестите.
Ерменската опозиција го обвинува поранешниот претседател Сарксјан дека го сменил политичкиот систем на државата за да остане на власт, истакнувајќи дека го сменил Уставот во 2015 година. Со измените, премиерот ја презема извршната власт наместо претседателот.
Саркасјан беше на власт 10 години, од 2008 година, а владејачката Републиканска партија во саботата го номинира за премиер. На местото шеф на државата доаѓа сојузникот на Сарксјан, Армен Саркисиан.
Ерменскиот Парламент денеска ќе одлучува дали Сарксјан ќе биде премиер. Други кандидати нема, а за да биде избран Сарксјан потребно е просто мнозинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст