Два воени брода на Руската морнарица се забележани во близина на Босфор , на пат кон базата Тартус на северот на Сирија.
Според западнитеммедиуми , бродовите биле натоварени со воени возила и се движел покрај брегот на Турција во правец кон Сирија. На бродовите имало натоварено тенкови БТР-80 , камиони ,,Рамаз” и радари за бомби , што се користат при откривање бна експлозивни направи . Речиси во исто време турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Анкара. Состанокот траел околу еден час , а од ниту една страна нема соопштение за текот на состанокот .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.