Дојде животот во Македонија, а тоа најдобро го потврдуваат првите пролетни денови – со првото сонце функционерите ги извадија моторите. Како и премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев и потпретседателката на СДСМ и на Собранието на РМ е мекраклијка на мотор БМВ.
Семејството Ременски, потпретседателката на Собранието и нејзиниот сопруг Јовче Ременски, началник во МВР, вчерашниот празник го искористија да се повозат со моторот БМВ, но и со споделување фотографии во албум насловен симболично „Живот“ да се присетат на моменти минати со убавецот на две тркала.
На Ременски им се видело интересно и вредно за споделување и возењето на премиерот, па споделиле по некоја фотографија и од неговата тура.
Во анкетниот лист Фросина Ременски навела дека нејзиниот сопруг поседува две возила, автомобил БМВ и мотор веспа. Моторот БМВ 1150рт не е наведен како имот на семејството Ременски, исто како што го нема во имотниот лист и моторот на премиерот БМВ K 1600 GT/GTL Excl.
Владиниот портпарол денеска информира чија сопственост е моторот на Заев, а чекаме Ременски да кажат зошто моторот БМВ не е наведен во имотниот лист на потпретседателксата на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст