| четврток, 6 декември 2018 |

Деветиот ден после Велигден се нарекува Побусани понеделник – ова се обичаите кои треба да ги испочитувате

Побусани понеделник е првиот ден после Томина недела или двети ден од Велигден. Кај народот овој ден уште се нарекува и Велигден за покојните.

На деветиот ден на Велигден, кој се вика Побусани понеделник, се оди на гробишта и на секој гроб се остава по едно црвено јајце, починатите да уживаат во воскресението на Исус Христос. Овој ден се нарекува и Воден понеделник, бидејќи тогаш момчињата и младите луѓе ги полеваат со вода девојките и младите жени. На овој понеделник треба да се остави скршено велигденско јајце во нивата, за таа да биде плодна. А се дава и велигденско јајце на стоката да го изеде, да биде здрава цела година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top