| четврток, 6 декември 2018 |

Од идната недела најпримерните затвореници од „Шутка“ ќе одат во опера, балет, театар…

Денес во Казнено поправната установа  „Затвор Скопје“ во Шуто Оризари, директорот на оваа установа Ѓоко Котевски и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски потпишаа меморандум за соработка, со кој се предвидуваат активности за унапредување на културно – уметничките содржини за затворениците како една од најранливите категории граѓани. Мерките предвидуваат посета на културно – уметнички настани за примерните осуденици, збогатување на библиотеките, организирање на работилници и културно – уметнички настани во самата установа од осудениците и со гости уметници…

-Со овие активности, не само што ќе овозможиме подобра ресоцијализација и подобра атмосфера во оваа установа, туку со подобрувањето на условите придонесуваме и кон исполнувањето на меѓународните стандарди во местата каде што престојуваат лица лишени од слобода. Министерството за култура е расположено да им помогне на казнено – поправните установи во оваа насока, а оваа пилот – програма, доколку се покаже како успешна, да се реплицира и во други  КПУ ширум земјата, истакна министерот за култура.

Реализацијата на соработката ќе почне веќе од идната недела со посета на културно – уметнички настани за најпримерните осуденици, а Министерството за култура веднаш ќе спроведе акција за збогатување на библиотечниот фонд на установата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top