| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа не е единствената тепана, познати Србинки жртви на семејно насилство

Изминатиот викенд јавноста беше згрозена од веста дека Лука Лазукиќ физички ја напраднал сопругата Наташа Беквалац. Лука е пуштен да се брани од слобода, бидејќи обвинителството не му одреди мерка за задржување.

Бројни колешки на пејачката Беквалац, се огласија со поддршка, а некои од нив и самите одлучија да проговорат јавно за тоа. Ивана Стаменковиќ Синди, која го изгуби старателството над ќерката, на судот му достави фотографии со повредите и лекарските потврди дека сопругот ја малтретирал.

Во документарецот „Исповед“, Марија Шерифовиќ ја откри мрачната страна на своето семејство и отворено проговори за тоа дека нејзиниот татко Рајко физички ја злоставувал нејзината мајка Верица. Верица сама призна дека често бегала и барала заштита од полиција. Анабела Атијас се разведе од Гаги Џогани, а потоа призна дека тој со години ја малтретирал.

Гоца Тржан призна дека трпела насилство од својот поранешен партнер и истакна дека таквите нешта се премолчуваат.

-Првиот пат кога го направи тоа не го оставив, но кога се повтори- да. Ме удри и ми ја проби ушната школка. Не сакам на тоа да се сеќавам, но добро е да се знае дека такви работи се случуваат и за нив нема молчење, кажа Гоца во една прилика за српските медиуми.

vistina.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top