Ниту во „Градски Парк“, ниту во „Јане Сандански“, ниту во „Борис Трајковски“- вечното скопско кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје ќе се одигра денеска во Гостивар од 19 часот.
Ова е конечната одлука донесена по проблемите со семафорот во „Градски парк“ и неможноста истиот да се санира навреме и да се обезбедат регуларни услови за игра. Големото кошаркарско дерби требаше вчера да се одигра во Скопје, но поради наведените проблеми беше одложено за денеска со надеж дека сите услови во домот на центарци ќе биде исполнети за спектакл. Средбата најверојатно ќе се игра без публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст