| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарот го пријавил случаен минувач: Целосно изгоре пицерија во Чаир

Ноќеска околу 04.00 часот во Единицата за информации Скопје, од страна на случаен минувач било пријавено дека во трговскиот центар „Чаирчанка“ на ул. „Цветан Димов“ избувнал пожар во пицерија.

На местото на настанот интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита.

Повредени лица нема, а пицеријата целосно изгорела. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top