Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против К.З.Б. (32) од Белград, Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „кражба“.
На 09.04.2018 година во 14 часот во Гостивар, во куќата на М.Д.(30), каде пријавената била на гости, одзела златен накит. Настанот бил пријавен, а златото било пронајдено и К.З.Б. била лишена од слобода. Исто така, на 04.12.2017 година, додека пријавената била на гости кај М.Д., одзела златен накит, кој потоа го продала во продавница за откуп на злато во Белград.
Во ноември 2017 година во с. Ново Село, гостиварско, во куќата на В.Д. (55), додека пријавената била на гости, во згодна прилика одзела златен накит и го продала во продавница за откуп на злато во Белград. Со извршените кражби пријавената предизвикала вкупна материјална штета од 570.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


