Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалните мрежи пишува дека наместо да се намалат даноците или барем да останат исти, даноците ќе растат и од тие пари социјалната помош ќе нараснела колку минималната плата. Нема новосоздадена економска вредност, туку прераспределба на средствата на сметка на економскиот раст. Се е наопаку.
-Едно од образложенијата на СДСМ за зголемување на даноците беше кажано од министерот за финансии во присуство на Заев, неодамна. Тоа значи дека тоа е став на СДСМ. Тој реторички праша: Дали Македонија треба да е со најниски буџетски приходи по однос на БДП во Европа или да се преземат мерки кои ќе ја подобрат приходната страна на буџетот? Прашањето е така поставено, да многумина си кажат дека човекот е во право. Па, зошто ние да имаме најниски приходи во Буџетот во Европа? Вистинскиот одговор на ова прашање е: Ако тие приходи во буџетот треба да растат со зголемување на даноците за граѓаните и компаниите, а со тоа и со намалување на платите, или зголемување на цените или одземање на поголем дел од добивката на компаниите, тогаш добро е да останеме со најниски приходи во буџетот во Европа по БДП. пишува Груевски.
Тој вели дека доколку зголемувањето на приходите се предизвика преку економски политики кои ќе стимулираат повеќе домашни и странски инвеститори да инвестираат во нови капацитети, чие плаќање даноци ќе ги зголеми приходите на буџетот, тогаш, да Македонија не треба да остане со најниски приходи по БДП во буџетот, во Европа.
-Но, за жал, интенцијата на СДСМ, не е ова второто, туку првото, преку директно зголемување на даноците. Односно со заземање на поголем дел од заработувачката на работниците, одземање на поголем дел од добивката на компаниите, кои наместо да ја инвестираат во нови инвестиции и погони кои пак ќе отворат нови работни места, тие ќе треба да ја платат во буџетот за купување на гласови на СДСМ, во социјалните структури на гласачи. Мотивите со повисоки даноци да се обезбедат социјална помош во висина на минимална плата, не е од жал кон сиромашните, а уште помалку има економска логика, бидејќи влијанието на потрошувачката само во мал дел ќе влијае на економијата имајќи во обзир колкав дел од добрата на пазарот се од увоз. Главниот и единствен мотив е директно корумпирање на гласачкото тело приматели на социјална помош од страна на владејачката СДСМ. Кога ВМРО ја водеше владата, даноците се намалија на најниски во светот, што помогна понатаму да расте економијата дури и во економски кризни години во светот, растеше БДП, растеа инвестициите, се градеа нови фабрики, тие даваа нова работа и на старите фабрики, се отвораа нови работни места, растеше извозот, растеа добивките на компаниите, растеа платите (просечната плата во земјата од околу 11 илјади порасна на околу 23 илјади денари), и последователно растеа приходите во буџетот, се наведува во статусот.
Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ пишува дека како резултат на тоа, потоа растеа пензиите, растеа платите во администрацијата и растеа социјалните помоши. Тоа е едно врзано коло. Да создадеш новододадена или новосоздадена вредност, па од тоа да зголемиш социјална помош или пензии или субвенции или плати во администрација.
-Сега се оди по обратна логика. Наместо да се намалат даноците или барем да останат исти, даноците ќе растат и од тие пари социјалната помош ќе нараснела колку минималната плата. Нема новосоздадена економска вредност, туку прераспределба на средствата на сметка на економскиот раст. Се е наопаку. А забораваат една работа: колку повеќе растат даноците, толку повеќе расте и сивата економија, поточно одбегнувањето плаќање даноци. Колку повеќе расте одбегнувањето плаќање даноци, толку помалку пари во буџетот. Темелењето на растот на социјални давачки, плати, пензии, субвенции или било што кое се темели на повисоки даноци, е крајно ризична операција, која најчесто завршува, со помалку инвестиции, повеќе сива економија и помалку пари во буџетот. Ова е не само популистичка политика, туку водење економија без компас, без долгорочна визија и концепт, во услови кога околу 22 отсто од работоспособното население нема работа, стои во статусот на Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии