Пејачката Наташа Беквалац е претепана од сопругот Лука Лазукиќ, јавува српски „Блиц“.
Извор на порталот велат дека познатата српска пејачка се наоѓа во Ургентниот центар во Белград.
Наташа и Лука се венчаа кон средината на септември минатата година на интимна церемонија на Ибица. На венчавката присуствуваа неколку роднини и пријатели на парот.
На 28 февруари пејачката ја роди својата ќерка Катја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.