| четврток, 6 декември 2018 |

Се формира мобилен оператор за македонските Албанци

albafone

Со префикс 073 за околу две недели во земјава ќе се појави Албафоне – нов мобилен оператор, кој, пред сè, ќе биде насочен кон албанските корисници. Според Ардијан Хоџа, извршниот директор на Албафоне, албанските корисници во изминативе години добиваат недоволни услуги од постојните оператори.

– Албанските корисници ќе ги третираме онака како што заслужуваат, рамноправно, со почит и на мајчиниот јазик – албанскиот – рече тој денес на прес-конференција во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.

Роберт Орданоски од Агенцијата за електронски комуникации на Македонија објасни дека „Албафоне“ е мала, но сериозна фирма од која се очекува да даде новини во услугите на мобилните, односно вредност за дадените пари. „Албафоне“ ќе ја зголеми конкуренцијата на пазарот, а со тоа се очекува општо да се подобрат и услугите.

„Албафоне“ потпишала петгодишен договор со АЕК. Таа ќе биде „виртуелна“ мрежа, што значи дека ќе најмува мрежа од некој од сегашните оператори. Сепак, тоа не значи дека „Албафоне“ ќе има помалку корисници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top