| четврток, 6 декември 2018 |

По тепачката во ОУ во Неготино, просветен инспектор го испитува случајот

Просветен инспектор влезе во Основното општинско училиште „Гоце Делчев” од Неготино во чиј двор, според јавно објавената снимка на интернет, беше претепано девојче од други две девојчиња, во присуство на други деца.

Директорот Петар Мантев рече за МИА дека го погледнал видеото од вчера и оти се преземени сите мерки.

– Повикани се учениците, изречена им е педагошка мерка, пратени се писма до родителите нивни за да дојдат на советување, известена е и полициската станица, нагласи Мантев.

Ова се случува во наше училиште: Девојчиња тепаат соученичка, ја влечат по земја (вознемирувачко видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top