| четврток, 6 декември 2018 |

Пред маркетот плачела мајката на повредената продавачка

Според изјавата на МВР за МИА, инцидентот го пријавиле вработени во маркетот. На местото на настанот има зголемено присуство на полиција.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, изјавил дека се работи за приватно недоразбирање меѓу двете лица, дека повредената е надвор од животна опасност и дека полицијата презема акција на фаќање на извршителот на делото.
Како што наведува „Журнал“, пред маркетот била и мајката на повредената, која плачела гласно и барала да ја види ќерка си, но полицијата не дозволила влегување на местото на злосторството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top