| четврток, 6 декември 2018 |

Бурно во парламентот: Пратениците гаѓаа со брашно и јајца!

Опозициските претеници ја блокираа работата на албанскиот парламент, а премиерот Еди Рама и неговите министри ги гаѓаа со јајца, брашно и други „реквизити“.

Пратениците на опозициската Демократска партија бараа ослободување на привторените кои во последните денови на март протестираа против зголемување на таксите за возилата на автопатот кон море.

Расправата била прекината неколку пати, а некои пратенцици на Демократската партија исклучени се од расправа.

Тензиите, како што се наведува, почнале после говорот на опозицијата и претседателот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша. На протестот во параламентот се придружиле и пратенциите на Социјалистичкото движење за интергација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top