Oсуммина аргентински полицајци биле отпуштени од работа, откако обвиниле глувци за исчезната марихуана. Истрагата утврдила дека недостасуваат цели 540 килограми марихуана од полициско складиште во градот Пилар, северозападно од Буенос Аирес.
Поранешниот градски полициски командир Хавиер Спесија и неговите колеги му кажале на судијата дека дрогата ја изеле глувци. Ова било оспорено од форензичари, кои велат дека глувците не може да ја гледаат дрогата како храна и веројатно би умреле кога би ја изеле.
– Глувците никогаш не би замениле дрога за храна. Дури и да го направеле тоа, многу мрши би биле најдени во складиштето, изјави портпаролот на судот Адријан Гонсалес Шарвај.
Обвинетите полицајци ќе се појават пред суд на 4 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст