| четврток, 6 декември 2018 |

Сириските сили заробија голем број британски војници

Сириските војници заробија голем број британски војници за време на воена операција во сирискиот источен регион Гута, објави агенцијата Ел Мајдин.

Знамето на сириската влада беше поставено над градот Думи, последната бунтовничка зона во близина на Дамаск, што укажува на тоа дека властите на претседателот Башар ал Асад ја презеле целосната контрола врз Источен Гут, соопшти денеска руската армија.

“Денеска се случи важен момент за историјата на Арапска Република Сирија – знамето на сириската влада беше подигната во една зграда во градот Думи, што значи преземање на контрола на тоа место и според тоа преземена е контрола над целокупна Источна Гута”, рече рускиот генерал Јуриј Евтушенко.

Наводно во Гут се случил хемиски напад во кој според податоците од опозициските активисти загинаа 40 луѓе

Руската војска со соопштение навела дека состојбата во Думи се „нормализира“

Повеќе од 13.500 сириски бунтовнички борци и нивните семејства го напуштија Думу овој месец под т.н. договор за евакуација помеѓу бунтовниците и руската војска, главниот сојузник на владата на претседателот Башар ал Асад.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 1.500 луѓе го напуштиле градот во последните 24 часа.

САД најавија можен удар за силите на сирискиот претседател Башар Асад како одговор на наводниот хемиски напад во Дума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top