| четврток, 6 декември 2018 |

Шест години од масакрот кај Смиљковското Езеро – монструмите на слобода

На денешен ден пред шест години кај Смилковското Езеро беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Масакрот се случи на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден.

„Алфа“ го објави целиот разговор со таткото на убиениот Наќевски: Заев е преварант и монструм (ВИДЕО)

За петкратното убиство кај Смилковското Езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во ноември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Врховен одлучи обвинетите од ,,Монструм“ да бидат ослободени од затвор

Минатиот месец случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека очекува судскиот процес да продолжи во април во фаза во која бил прекинат и оти се подготвени да го презентираат предметот пред судот.

„Алсат“: СЈО го презеде случајот „Монструм“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top