| четврток, 6 декември 2018 |

Браќата кои брутално ги убија родителите се сретнаа после 20 години: Каква е таа мајка која може да молчи за тоа што се случуваше?

Браќата Менандез кои скоро пред три децении ја шокираа Америка со бруталното убиство на своите родители, се сретнаа првпат по стршниот настан. Средбата се случила зад решетките во еден калифорниски затвор.

Ерик Менандез (47) е префрлен минатата недела во истата затворска единица во која се наоѓа неговиот 50-годишен брат и соучесник во убиството, Лил Менандез. Браќата се осудени на доживотна казна затвор поради двојно убиство – во таткото успукале шест куршуми, а во мајката дури десет.

Браќата во 1989 година кога имале само 18 и 21 година ги застрелале своите богати родители Жозе и Кити Менандез во вилата на Беверли Хилс. По пресудата, тие веќе не се виделе. Кога првпат се сретнале минатата недела, заплакале.

Во текот на судењето обвинителството тврдеше дека момчињата ги убиле своите богати родители поради наследството, но, нивните адвокати ги бранеле тврдејќи дека станува збор за одмазда, бидејќи таткото неколку години сексуално го злоупотребувал помладиот син Ерик. Сепак, на суд, никогаш не било докажано дека станува збор за злоупотребување.

Браќата биле уапсени откако девојката психолог кај која доаѓал Ерик го пријавила поради закани кон лекарот. Снимката на разговорот со психологот каде што се разговара за убиствата подоцна била прифатена како доказ на судот.

Судењето почна во 1993 година. Поротата двапати не успеа да донесе одлука, па во 1995 година случајот е вратен на почеток.

Според зборовите на Роберт Ренд, новинарот кој го следел нивниот случај во 1989 година, браќата кога првпат се виделе почнале да плачат. Додека биле разводени не им било дозволено да се слушнат телефонски. Си пишувале писма и играле шах преку интернет, им открил Лил Менандез на новинарите на „Еј-би-си“. Тој тешко ја обвинил својата мајка, која, според неговите зборови, секогаш ја премолчувала вистината и замижувала пред тоа што го правел нејзиниот сопруг.

– Ја сакам мојата мајка и се уште плачам поради неа, но уште не сум и простил. Таа донесе низа лоши одлуки и реши да молчи за тоа што се случуваше. Каква е таа мајка која може да дозволи такво нешто? – вели Лил.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top