| четврток, 6 декември 2018 |

Пирели ќе ги истражува инцидентите со гумите на Сиверстоун

Во Формула 1 шампионатот на трката за Големата награда на Велика Британија, која се возеше на патеката „Сиверстоун“, победникот Нико Розберг падна во сенка на инцидентите што се случија со проблемите на гумите на повеќе болиди. Во текот на трката проблеми со задните пневматици имаа Луис Хамилтон, Серхио Перез, Фелипе Маса и Жан-Ерик Верње, додека сите останати возачи беа предупредувани од своите тимови да ги заштедат гумите и да возат внимателно по рабовите од пистата.

Директорот на „Пирели“, Пол Хембери, истакна дека сѐ уште е рано да се зборува за проблемите на последната трка.

– Нема поента да зборувам за тоа сѐ додека не ги собереме сите податоци. Сакаме на вистински начин да ја анализираме ситуацијата и да дадеме точен одговор. Сите од тимот озбилно ја сфатија оваа работа и кога ќе добиеме точни одговори, ќе ја известиме јавноста – истакна Хембери.

На почетокот на сезоната „Пирели“ доби предупредување од судот за истите проблеми со гумите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top