Поскапеа дел од цигарите во маркетите низ Македонија. Според информациите кои ги објави порталот Прес24, ако сакате да купите кутија Марлборо, од денес ќе треба да платите 10 денари повеќе.
Скоро секоја година, периодот март-април е препознатлив по тоа што започнуваат првите покачувања на цените на цигарите како подготовка за зголемувањето на акцизата која секоја година се случува на 1 јули.
Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун предвидува зголемување на цената на цигарите секоја година за најмалку 4 денари до 2023 година што би значело дека со вакво темпо, одредени брендови може да се продаваат и до 200 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.