Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска ќе имаат средба во Охрид. Ова ќе биде трета средба на двајцата министри за кус период. Минатиот месец Коѕијас беше во Скопје, а потоа заедно со Димитров во Виена се сретнаа со медијаторот Метју Нимиц.
-Целодневниот состанок беше продуктивен, што ме прави оптимист за иднината. Паралелно со нашиот состанок, дипломати и експерти од двете земји работеа на дел од контроверзните аспекти на договорот, особено фокусирани на идниот однос меѓу двете држави, каде што исто така е забележан напредок. Серијата состаноци ќе продолжи и во иднина, трасиравме пат за работа и можам да кажам дека, без да откривам детали, адресиравме тешки прашања, изјави Нимиц по средбата што се одржа на 30 март.
-Можам да кажам дека направивме условен прогрес, условен напредок бидејќи како одиме напред, така доаѓаме и до тешките прашања и мислам дека и од наша и од нивна страна имаме доста за размислување и за мерење. Работевме по логиката што е тоа што е најважно за Република Грција, што е тоа што е најважно за Република Македонија и дали можеме во компромисот кон кој се движиме да ги покриеме двете работи. Меѓутоа, нè зачудува што колку поотворено, поконкретно чекориме кон решение, така и тешкотиите излегуваат сè повеќе на виделина, рече Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст