
Реал Мадрид доби пенал во 93. минута, Џиџи Буфон збесна на судиската одлука, го турна судијата Мајкл Оливер со кој имаше и жесток вербален дуел по кој заработи црвен картон. Тоа беше прв црвен картон за Буфон во Лигата на шампионите, а ова за него беше 117 натпревар во ова натпреварување.
Буфон минатиот март изјави: „Кога ме прашуваат каков ќе биде мојот последен натпревар, им велам не знам за тоа. Можеби ќе завршам како Зидан, удирајќи му глава на некој…“
Доколку oстане на најавите дека ќе стави крај на кариерата по крајот на оваа сезона, ова за Буфон ќе биде последен меч во Лигата на шампионите, а со тоа прв и последен црвен картон кој го добил во елитното фудбалско натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


