ВМРО-ДПМНЕ се враќа со полн капацитете во работата на Собранието, изјави вечерва во Топ Тема координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драги Данев. Тој притоа на прашањето дали поранешниот лидер на партијата, Никола Груевски, ќе се појави на гласањето за доверба на владата, одговори: „Мислам дека Груевски вечерва ќе биде во Собранието, ако има услови да биде“.
Данев ги спротивстави ставовите за поднесеното барање од опозицијата за гласање на доверба на владата на Заев со координаторот на СДСМ во Собранието, Томислав Тунтев, кој рече дека образложението на ВМРО-ДПМНЕ за интерпелацијата изобилува со многу невистинити констатации. Притоа тој рече дека ја разбира позицијата во која се наоѓа ВМРО-ДПМНЕ, но оти е разочаран од нивната постапка.
– За 10 месеци можат да се направат многу нешта, тоа го покажа владата на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на својот мандат. Ова влада во изминатите 10 месеци прстот за неефективноста на администрацијата го вперува во вработените. За да ја видиме ефективноста на оваа власт мора да направиме компарација со првите 10 месеци од владеењето на ВМРО-ДМПНЕ, а ако сакате и со претходната влада на СДСМ, вели Данев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст