| четврток, 6 декември 2018 |

Тевдовски: Со првите заработени 80 марки, на сестра ми ѝ купив ролерки

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во разговор за „Репортер“ открил како ги заработил првите пари. Вели дека тоа биле 80 марки, пари на кои многу им се израдувал, а со нив својата сестра ја честел ролерки.

– Ме замисливте малку, ама секако дека се сеќавам. Првите пари ги заработив кога играв за кадетската репрезентација на Македонија на Балканското првенство во фудбал, раскажува министерот.

– На тоа првенство бевме втори на Балканот. Одличен успех. Победивме неколку репрезентации. Бевме многу среќни. А се сеќавам и дека ни дадоа по 80 германски марки. Јас особено се гордеев бидејќи тие пари се заработени од играње за репрезентацијата. И мислам дека со нив ѝ купив ролерки на сестра ми, открил Тевдовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top