Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше исклучен на полувремето на синоќешниот дуел со Ливерпул, бидејќи протестираше кај главниот судија за поништениот гол кој можеше целосно да го смени текот на натпреварот. Гвардиола по означувањето на крај на првото полувреме, втрча на терен за да се жали кај главниот судија.
– Му реков дека тоа беше чист гол, дека Милнер додаде до Сане, а со оглед на тоа што играч на Ливерпул ја удри топката не беше офсајд. И поради тоа ме исклучи. Јас не го навредив. Би било поинаку ако заминавме на одморот со 2-0, истакна шпанскиот стручњак.
Гвардиола упати честитки до Ливерпул и му посака успех на следните натпревари во елитното натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст