Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи утре во Брисел ќе има средба со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини. Како што соопшти Секретаријатот, Османи во рамки на посетата ќе го презентира напредокот во имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот во отстранувањето на останатите политички пречки на евроинтегративниот пат на Македонија.
Средбата Османи Могерини се одржува во пресрет на 17 април, кога Македонија треба да го добие Извештајот од Европската комисија за состојбите и напредокот.
Османи во Брисел ќе оствари средби и со други високи претставници на ЕУ меѓу кои и директорката на одделот за Западен Балкан во рамките на Директоратот за проширување Геновева Руиз Калавера и холандскиот европратеник Ханс Ван Баален кој ја предводи групата „Пријатели на Македонија” во Европскиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст