– Се чувствува ли некој во оваа влада горд што го малтретирате Сашко Кедев, што го деградирате неколку скалила? Анонимуси го деградираат Сашко Кедев, знаете ли која ќе биде последицата? Последицата ќе биде ако Кедев отиде во приватно или во странство. И после тоа 300, 400 или 500 луѓе кои што требало да ги оперира во Македонија или ќе треба да даваат за приватно или ќе треба да собираат пари со донации за да одат во странство, праша денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на расправата за гласање на недоверба на владата на СДСМ од собраниската говорница.
Ѓорчев потенцираше дека само во Македонија се случува политички прогон на лица кои имаат различно мислење од оваа влада. Тој го спомена и единствениот македонски градоначалник во Албанија, Пустец, Едмонд Темелко кој е во лоша здравствена состојба, а се наоѓа во притвор и врз него се врши политички реваншизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Влатко Ѓорчев: Ова е почеток на борбата за Македонија, утре во 18 часот пред Кривичниот суд
-
Ѓорчев во Виена: Средби со високи претставници од Австрија и САД
-
Ѓорчев: Вчера ни се случија нерегуларни и насилнички избори, а за тоа има фото и видео докази
-
Ѓорчев: Исплашени од поразот, СДС и Заев прават беззаконие, со упадите во општините