| четврток, 6 декември 2018 |

Диета „липосукција“: Ги топи килограмите без никаква операција, често ја држат Моника Белучи и Џенифер Анистон

Иако ја нарекуваат липосукција, станува збор за режим на исхрана и нема нинакво одење под нож. Оваа диета, доколку дисциплинирано се придржувате до неа, гарантира успех и позитивни промени на вашето тело и здравје. Често ја користат актерките Моника Белучи и Џенифер Анистон.

Како што објаснува Кенан Мандра, нутриционист од компанијата „Интернешнал Хелт“, кој ја усовршил оваа диетална програма за исхрана, нејзиниот ефект е брзо топење на мастите во телото. Според него, програмата е едноставна – мора да се вратиме на храната која ја консумирале нашите претци. Тоа се природни масти од животинско и билно потекло, протеини и амино киселини.

Во оваа диета нема изгладнување, но ќе мора целосно исфрлите некои од вашите омилени намирници кои секојдневно ги консумирате. Тоа се јаглехидратите кои мора да се откажете како и непријателот број еден – шеќерот.

Според Мандра, метаболизмот мора да почне да ги троши наталожените масти како извор на енергија, а шеќерот е краткотраен извор. Тој бргу не крева, но и бргу не спушта, па чувствуваме потреба да го консумираме се почесто, а на тој начин се создава завиноста.

Оваа диета нема „јојо“ ефект и нејзината цел е во рок од 14 дена телото што е можно повеќе да ги користи залихите на масти во организмот и да го врати хормонаниот баланс. Намирниците кои треба да се коснумираат за време на овој режим на исхрана се овошјето, месо (свежо по можност црвено), риба, ориз и многу вода. Се разбира сето тоа во умерени количини распоредени по рамномерни оброци во текот на денот.

Сепак, не треба да се подложувате на премногу дратични промени и да го шокирате организмот, па доколку сте внесувале многу калории дневно, пред да започнете со овој режим потребно е да се консултирате со стручно лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top