Зголемените тензии во грчко-турските односи, во комбинација со ескалацијата на војната во Сирија, водат до зголемување на бројот на бегалци кон грчките острови во Егејското Море, предупредува атинскиот весник „Вима”.
Весникот пренесува изјави на претставници на локалните власти на островите, кои тврдат дека последните денови се зголемува бројот на чамци со бегалци и мигранти, кои од турското крајбрежје се упатуваат кон грчките острови и најмногу кон северниот дел на Егејското Море, што остава впечаток дека островите се соочуваат со нов бран на бегалци.
Според истите извори, секојдневно од турскиот брег пристигнуваат по околу 30 до 35 чамци, што не се случило одамна.
Показател за зголемениот број бегалци е и фактот дека само во кампот Морија на остров Лезбос во последните денови бројот на бегалци се зголемил за трипати.
Минатата година во ова време во камповите имаше 2.400 бегалци и мигранти, а сега таа бројката изнесува 6.280, што го надминува капацитетот на прифатните центри.
Претставници на властите се убедени дека по Самитот ЕУ-Турција во Варна на 26 март, ситуацијата со бегалците се влошила. Тие стравуваат дека ако бегалската криза не биде спречена, во летниот период ќе има многу сериозни проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст