Кристал мет, перник, первитин или кокаин за сиромашните… ова се имињата на синтетичката дрога чија употреба е во подем, како и бројот на смртните случаи како последица од нејзиното консумирање. Македонската полиција минатата недела успеа да открие една таква мала лабораторија во скопското село Грчец.
Кристал мет дрогата е веќе широко распространета на европскиот и на американскиот пазар. Главна карактеристика на оваа синтетичка дрога е тоа што предизвикува силна зависност, корисникот може да остане буден и по 30 часа без никакво чувство на замор, првите последици се губење на телесна тежина, несоница и тешка депресија, а убива и за помалку од две години користење.
Бројот на корисници и зависници од „кокаинот за сиромашните“ е во подем. Кога се користи подолг период, доаѓа до големи органски и психички пореметувања. Кристалите се земаат орално, со шмркање, пушење или дури интравенозно – со шприц.
Процесот на производство бил многу едноставен. Пред неколку години голем број на вакви мали лаборатории биле откриени токму во пограничниот појас во Чешка со Германија. Производството на оваа дрога е многу евтина, а шверцот со овие кристали во Германија бил станал добар бизнис во оваа земја.
Еден од познавачите на процесот на производство на оваа дрога завршил и во Грчец. Пред два дена македонската полиција поднесе кривична пријава против О.К. (58) од Република Чешка и Б.М. (36) од скопското село Грчец. Во куќата на Б.М. полицијата открила овеќе видови на хемиски супстанци, метамфетамин, бензил метил кетон и псеудоефедрин, како и други прирачни средства за производство на синтетичка дрога. Овие средства биле чувани во шишиња, туби и канистри.
Оваа дрога предизвикува трајни оштетувања на организмот. Кога ќе се престане со конзумирање на оваа дрога, зависникот од кристал мет не може да спие, многу е уморен и има проблеми со концентрација, доаѓа до тешки оштетувања на функцијата на мозокот и на остатокот на организмот со катастрофални последици за здравјето. Доаѓа до паѓање на забите, зависниците нагло ослабуваат и многу брзо се појавуваат знаци на стареење. Вака предизвиканите оштетувања на организмот се неповратни.
Кристал мет порано беше познат како первитин, препарат против чувство на замор. Користен е во Втората светска војна од голем број германски војници, тенкисти и пилоти, од војници кои имале долги ноќни мисии.
Оваа дрога стана позната меѓу младите кои одеа на техно-забави. Со оваа дрога младите можеа цела ноќ да танцуваат.
Во МВР не можат да потврдат колку од оваа дрога била произведена во Грчец и дистрибуирана низ Македонија, ниту пак дали некаде во земјава има и други вакви мали лаборатории за производство на кристал мет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст