Според старо народно верување вторниците важеле за баксуз. Но, не и овој.
Кај народот овој денешен вторник е познат на Свети вторник и за него се врзуваат голем број обичаи и верувања.
Во Водена седмица, како што уште ја нарекуваат првата недела по Велигден, особено по важност се одвојуваат Воден вторник и Водена сабота.
Кај народот Свети или Воден вторник е смета за најдобар вторник во целата календарска година.
Старите велат дека овој ден, како и Велигден, на сите им носи радост и веселба. Исто така ако се роди дете на овој ден, ќе биде среќно и долговечно.
Поради тоа понекогаш во селата на днешен ден се одржуват свадби за време на празнување на Христијанската Пасха и се смета за посебна благодет, со што таа благодет се пренесува на новите сопружници и нивното новосоздадено семејство.
Старите велат дека на овој ден добро е да се оди на гости или на патување. Ако планирате баш денеска да тргнете на пат, обичаите велат да замислете желба. Таа ќе се оствари, а на патувањето ќе ве следи среќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст